Loading Video...
Свет
29. April 2021 - 16:35

ЕУ негира: Ајхорст го напишала косовскиот нон пејпер

Извршната директорка на Европската служба за надворешни работи за Европа и Централна Азија Анѓелина Ајхорст најверотно го напишала нон пејперот што пришинтксиот весник Коха го пласираше како германски – француски предлог за иднината на Косово, објави Српски телеграф повикувајќи се на извори во дипломатските кругови. 

ЕУ негираша дека Ајхорст е автор на наводниот нон пејпер. Пред да стане директор за Европа, холанѓанката била активно вклучена во дијалогот Белград – Приштина. Претходно, српскиот  претседател  изјави дека документот го напишала жена како што рече многу паметна  и добро запознаена со таа тема. Неофицијалниот документ предвидува Србија да го признае Косово, автономија за  северот на Косово, посебен статус за Српската православна црква, а  Северна Митровица би била заедничка економска зона.