Свет
8. January 2018 - 9:06

ЕУ ќе го покани иранскиот шеф на дипломатијата на разговори за протестите во Исламската Република

Европската унија одлучи да го покани во Брисел првиот дипломат на Иран, Мохамад Џавад Зариф со кого ќе се разговара за протестите во државата. Тоа го соопшти синоќа министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел.

– Разговарав по телефон со иранскиот колега и во високата претставичка на ЕУ Федерика Могерини и се договоривме да го поканиме министерот за надворешни работи на Иран ако е можно следната недела, изјави Габриел за Це-Де-Еф, без да дава детали.

Во протестите во градови во Иран кои траеја речиси една недела загинаа 21 лице. Голем број беа приведени.

- Веќе соопштивме дека ја поддржуваме слободата на демонстрации и дека државата треба да го поддржи тоа, додаде германскито министер.

Габриел нагласи дека САД „се подготвуваат да го поништат договорот за нуклеарната програма на Иран со што ќе уништат еден успех во напорите да се спречи ширење на воениот атом во светот“.