ЕУ инвестира 75 милиони евра во “сината економија“

Европската Комисија (ЕК) и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) го лансираат проектот “БлуИнвест Фонд“, капитален фонд за поддршка на сината економија, односно проекти поврзани за заштита на морската средина.
ЕК и ЕИФ отвораат капитален фонд со 75 милиони евра на располагање за инвестиции во сината економија, чија улога е клучна за постигнување на климатските амбиции на ЕУ и карбонски неутрална економија до 2050-та.
-Сината економија вклучува економски активности поврзани за океаните, морињата и бреговите, објаснува Европската Комисија.
Конкретно тоа значи поддршка за бизнис проекти кој на некаков начин придонесуваат за одржлива морска средина и развој на морската економија. Сината економија носи „ветувачки можности“ во развојот на обновливите енергии, одржлива морска храна, итн. смета Европската Комисија
Европската Комисија ќе го надополни фондот со 40 милиони евра за грантови за помош на малите и средни претпријатија.
-Океаните се најпогодени од климатските промени, но тие содржат и многу од решенијата. 75 милиони евра капитален фонд е алатка за ослободување на потенцијалот што го носи сината економија и во придонесот за Европскиот зелен пакт како и во обезбедување економски раст за европските мали и средни претпријатија, изјави Виргиниус Синкевичиус, еврокомесар за животна средина.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
