Балкан
30. November 2015 - 16:26

ЕУ и Турција постигнаа договор за спречување на напливот на мигранти кон Европа

Синоќешниот историски Самит на Европската унија со една земја-членка како Турција донесе план за тоа како да се надмине мигрантската криза што ја девастира Европа а која доаѓа од турска територија.

Со планот се предвидува невладините организации во Турција што им помагаат на бегалците да добијат три милијарди евра за овие потреби, при што само 500 милиони евра од овас сума се сигурни, бидејќи ќе доаѓаат од буџетот на Унијата, додека останатите две ипол милијарди ќе треба да ги дадат 28-те земји-членки на ЕУ. За возврат Турција се обврзува да го запире приливот на имигранти од нејзина територија кон Европа.

 Брисел и Анкара договорија до идната година ова време, откако Турција ќе воведе визи и ограничувања за лица од Арапскиот свет, да се разгледа можноста од воведување на безвизен режим за турските граѓани. А, како награда за синоќешниот договор, Турција за две недели ќе отвори ново преговарачко поглавје за членство во Унијата.

На прес-конференција по Самитот, претседателот на Европскио совет Доналд Туск, објави дека очекува промена на играта со Турција во однос на мигрантската криза:

- Да бидам јасен дека ние не очекуваме никој да ги брани нашите граници за нас. Тоа може да се стори само од Европејците. Но, очекуваме големи чекори во однос на промена на правилата на играта кога станува збор за создавање на пат за миграцискиот наплив што доаѓа кон ЕУ преку Турција, изјави Доналд Туск.