Балкан
14. December 2015 - 23:42

ЕУ и Турција отворија ново поглавје во преговорите за пристапување на Анкара кон Унијата

ЕУ и Турција денеска во Брисел направија нов чекор во преговорите за пристапување на Анкара, отворајќи ново поглавје во овие преговори, блокирани со години, соопшти луксембуршкото претседателство.

Поглавјето 17, кое се однесува на економска и монетарна политика, отворена е на меѓувладина конференција, свикана две недели по вонредниот европски самит, кој беше со цел да ја зајакне соработката меѓу ЕУ и Турција во врска со миграциската криза.