ЕУ ѝ се закани на Турција
Лидерите на ЕУ денеска се согласија да воведат санкции за околу 40 лица од Белорусија, откако Кипар го повлече спротивставувањето, поради барањата Унијата да ја казни Турција во врска со тензиите во источниот Медитеран.
„Имавме двојна стратегија“, рече претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел на прес-конференција по првиот ден од самитот, кој заврши по полноќ.
„Изјавуваме дека сакаме да дадеме шанса за политички дијалог. Од друга страна, ја изразуваме нашата цврстина за нашите вредности и поддршка на Грција и Кипар. Подготвени сме да се вклучиме во позитивна програма со Турција, под услов Турција да сака да учествува во попозитивна програма со нас”, рече Мишел.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по состанокот на лидерите на 27 земји членки изјави дека ЕУ може да воведе санкции против Анкара доколку турските провокации и притисоци продолжат на истокот на Средоземното море.
„Ние сакаме позитивен и конструктивен однос со Турција, a ова исто така би било во интерес и на Анкара“, рече таа на прес-конференција.
„Но, тоа ќе успее само ако провокациите и притисоците запрат. Затоа, очекуваме од сега Турција да се воздржи од еднострани активности. Во рамки на ваквите обновени акции од Анкара, ЕУ ќе ги искористи сите свои расположливи инструменти и можности”, додаде таа.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон по пристигнувањето на самитот изјавија дека мора да се најде дипломатско решение за спорот меѓу Турција, Грција и Кипар.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико