Балкан
9. јуни 2016 - 12:52

ЕУ и САД загрижени од блокадата на судската реформа во Албанија

САД и ЕУ изразија загриженост од опозициското блокирање на судската реформа во Албанија, пренесоа француските медиуми.

Албанскиот премиер, социјалистот Еди Рама, во понеделникот не успае да ја убеди десната опозиција за поддршка на реформата, што од земјата го бараат Брисел и Вашингтон.

Премиерот предупреди дека судската реформа планира да ја внесе на разгледување во Парламентот. За раформата да биде усвоена треба да добие двотретинска поддршка од пратениците. Владата не располага со такво мнозинство и ќе има потреба од гласовите на дел одопозициските пратеници.

Во соопштение на делегацијата на ЕУ во Тирана се изразува жалење по неуспехот за постигнување согласност за реформата и се повикува на усвоување на текстот на законот, што  е „целосно во согласност со европските норми и албанските обврски кон ЕУ“.

„Од личната одговорност на пратениците при одлучување ќе зависи дали сакаат да го задржат сегашниот корумпиран и исполитизиран судски систем или ќе ја поддржат реформата“, посочи американската амбасада во Тирана.

„Владата демонстрираше еластичност, но не и опозицијата“, со жалење забележа американската амбасада.

- Ние нема да ја чекаме Демократската партија, ќе го претставиме нашиот проект во Парламентот, изјави Рама по пропаѓањето на преговорите меѓу политичките претставници.

„Секое еднострано дејствие во Парламентот ќе биде осудено на неуспех“, одговори лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Судската реформа од Западот се оценува како решавачка за обврската на Албанија да се бори против организираниот криминал и корупцијата.

Претставниицте на ЕУ и САД директно се вклучија во подготвувањето на предлог законот, со кој се реформира судскиот систем во земјата и се обидуваат да ги убедат демократите да го одобрат.