ЕУ и донира возила на Агенцијата за вработување

Донација од 10 нови возила во вредност од околу 100.000 евра од фондовите на ЕУ денеска и беше предадена на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).
- Возилата се обезбедени преку ИПА програмата со цел да се подобри ефикасноста на АВРМ. Со нив треба да се подобрат услугите на Агенцијата и да се намали невработеноста која претставува проблем за земјата. Со новите возила очекуваме да се подобри пристапноста на АВРМ и да се зголемат нејзините капацитети за намалување на невработенста, изјави Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Македонија по предавањето на донацијата.
Тој нагласи дека ЕУ со АВРМ спроведува и многу други проекти, како твининг проекти и различни обуки кои имаат буџет што достигнува до речиси 5 милиони евра.
Директорот на АВРМ Влатко Поповски, заблагодарувајќи за донацијата истакна дека со возилата ќе станат уште помобилни и ќе ги намалат трошоците за одржување, бидејќи се работи за нови возила, кои, како што рече, ќе трошат помалку гориво, помалку ќе загадуваат и ќе ја завшат целта за која постоиме, односно да вработиме што е можно повеќе луѓе и да најдеме што е можно повеќе работници за работодавачите.
- Во наредниот период АВРМ со овие возила ќе отпочне уште неколку активности кои се многу битни во делот на промоцијата на мерките на Агенцијата, односно ќе обезбеди достапност на мерките до сите лица кои имаат потреба од вработување, рече Поповски, додавајќи дека наскоро ќе бидат обелоденети уште неколку проекти што ќе се реализираат заедно со ЕУ.
Тој посочи дека вториот бран, кој започна во февруари годинава, веќе ги дава првичните резултати и додаде дека многу луѓе почнаа да одат на практична работа, да бидат обучувани и да добијат сертификат за некое занимање.
Прецизира дека од почетокот на годинава во приватниот сектор се отворени над 15.000 нови работни места и додаде дека преку Програмата за самовработување во делот на добивање неповратни средства со грант од 5.000 евра првите 500 селектирани бизниси се во завршна фаза на регистирање, односно доделување на опрема и репроматеријали, додека во делот на кредитирање веќе е завршена фазата на едукација и почува фазата на доделување на ваучери и избор на експерти кои ќе им помогнат за изработка на бизнис план кој подоцна ќе биде финасиран.
- Проектот за практиканство, пак, е отворен оглас на кој може да конкурира секоја компанија. Овој проект се финасира со пари од ЕУ со вториот грант за АВРМ и досега се склучени 560 договори, а во наредните две недели ќе се склучат уште 80 договори. Паралелно пристигнуваат апликации од работодавачите за нови договори за нови практиканти. Се надевам дека до крајот на годинава бројката на практиканти ќе достигне до 1.000 луѓе, појасни Поповски и ги повика компаниите да дојдат во АВРМ и да поднесат апликација која, како што рече, ќе им биде одбрена за најкасно две недели.
Најмногу практиканти, додаде, има во банкарскиот сектор каде се апсорбираат правници и економисти по што следат услужниот и производствениот.
Ново на Сител
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
-

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
