Свет
27. February 2018 - 16:37

ЕУ и Британија пред макотрпни преговори за Брегзит

Европскиот преговарач за напуштањето на Велика Британија на Европската унија, Мишел Барние ги изложи главните разлики што остануваат помеѓу двете страни околу Брегзит.

- Земјите членки на ЕУ остануваат обединети за тоа прашање, истакна бугарската министерка за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, но патот е долг, а предизвиците бројни.

Мишел Барние, европскиот преговарач истакна дека остануваат се уште големи разлики во позициите помеѓу Британците и Европејците по бројни прашања.

Главните меѓу нив се временскиот рок за транзицискиот период откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Унијата смета дека тој рок треба да заврши на 1 декември 2019, додека Велика Британија би сакала рокот да остане отворен.

- Тоа е невозможно, изјави Барние.

Друг „важен камен“ на сопнување се правата на европските граѓани во ЕУ.

- Велика Британија сака да направи разлика помеѓу оние граѓани кои стигнале пред 29 март 2019 и оние кои ќе пристигнуваат за време на транзицискиот рок. Слободата на движење на граѓаните мора да биде сочувана, изјави Барние.