Свет
3. September 2015 - 9:22

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија за уште шест месеци

Евроската унија за уште шест месеци ги продолжува санкциите против руски функционери и претставници на проруските сили во источна Украина, изјавија претставници на Брисел, јави Танјуг.

- Постои политички договор и официјалните претставници се согласија да ги продолжат санкциите на шест месеци до март следната година, изјави претставник на Унијата, по состанокот на дипломатите од земјите-членки. 

ЕУ воведе замрзнување на имотите и забрана на патувањата за околу 150 поединци и речиси 40 правни лица поради нивната наводна улога во судирите во источна Украина, кои избија на почетокот на 2014 година.

Москва исто така состави своја црна листа од речиси 90 функционери и политичари од ЕУ и воведе забрана за увоз на храна од ЕУ и друга стока.