Свет
4. March 2016 - 13:57

ЕУ ги продолжи санкциите против Виктор Јанукович и уште 15 лица

Советот на ЕУ соопшти дека ги продолжува за една година санкциите против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, неговиот син Александар и уште 14 лица, кои се осомничени за присвојување на општествени средства и злоупотреба на власта.

Одлуката за продолжување на рокот на санкциите стапува во сила веднаш, пренесува БТА.

На списокот, исто така, се наоѓаат и поранешниот украински министер за внатрешни работи Виталиј Захарченко, поранешниот украински јавен обвинител Виктор Пшонка и неговиот син Артем.

Санкциите првично беа воведени во 2014 година и опфаќаат замрзнување на имотот.