ЕУ едногласно ја усвои стратегијата за преговорите со Британија за Брегзит
Лидерите на земјите членки на ЕУ, собрани денеска во Брисел на вонреден Самит, едногласно ја прифатија заедничката стратегија за преговорите со Велика Британија за Брегзит.
На европските лидери им биле потребни помалку од 15 минути за да се согласат за распоредот на прашањата на кои инсистира ЕУ за претстојните преговори.
Првично, тие требаше да почнат во средината на мај, по изборот на нов претседател на Франција, но сега се одложени за по завршувањето на предвремените парламентарни избори во Британија.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на својата интернет страница изрази задоволство од покажаното единство.
„Европските преговарачи сега имаат јасен и прецизен мандат за преговорите“, напиша Туск.
Пред почетокот на денешниот Самит тој инсистираше дека за ЕУ сега е најважно да се манифестира единството на сите 27 земји-членки.
Во писмото што Туск претходно им го испрати на сите членки, се вели дека прашањето на луѓето (статусот на Европејците во Британија и на Британците во ЕУ), парите (договорот за износот што Британија треба да и го плати на Унијата) како и прашањето на Ирска (границата меѓу Републиката и Северна Ирска) - се работите кои први мора да се разрешат во преговорите со Лондон.
Британија сака преговорите за овие прашања да течат паралелно со преговорите за идните британско-европски односи, но сите други во ЕУ се против таквиот начин на преговарањето.
Германија и Австрија веќе и порачаа на владата во Лондон дека за идните односи и за склучување договор за слободна трговија ќе може да се преговара дури откако се разрешат првите три прашања, наброени од Туск.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца