ЕУ е подготвена да ја поддржи Шпанија во спорот со Алжир
Претставници на ЕУ денеска соопштија дека Унијата гледа на кризата во односите меѓу Шпанија и Алжир со „екстремна загриженост“ и е подготвена да ги брани интересите на своите членки.
Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел во заедничка изјава рекоа дека одлуката на Алжир да го суспендира дводеценискиот договор за пријателство со Шпанија, кој може да ја прекине трговијата меѓу двете земји, делува како „кршење на Договорот за асоцијација ЕУ-Алжир, конкретно во областа на трговијата и инвестициите“.
– Тоа би довело до дискриминаторски третман на земјите-членки на ЕУ и негативно би влијаело на остварувањето на правата на Унијата според Договорот, се вели во соопштението.
Домбровскис и Борел повикаа на решение на спорот преку дијалог, додавајќи дека „ЕУ е подготвена да се спротивстави на какви било присилни мерки“ против членката на ЕУ.
Алжир го суспендираше договорот за пријателство откако шпанската Влада го промени ставот кон териториите на Западна Сахара.
Алжир го врати својот амбасадор во Шпанија во март, кога Мадрид ги поддржа обидите на Мароко да ја задржи власта во Западна Сахара. Алжир го поддржува Полисарио, движење кое се бори за независност на таа територија.
Ново на Сител
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари