ЕУ: Драстично предупредување на кутиите на цигарите
Од 1 јануари над половина кутии од цигари мора да бидат покриени со фотографии кои укажуваат на штетноста на пушењето.
Од 2016 година кутиите цигари кои се продаваат ширум Европа ќе добијат целосно нов дизајн.
По изгубената судска битка на тутунската индустрија компаниите се принудени да го отстранат својот логотип од пакувањата. Меѓутоа, не се предаваат без борба.
Укинувањето на Европскиот суд е последен од низата удари на тутунската индустрија. Бидејќи се повеќе земји се вклучуваат во борба против пушењето, многу тутунски икони исчезнуваат од полиците. Битката ја предводи Австралија, која пред три години воведе експлицитни предупредувања, како слики на бели дробови на умрено лице кое било долгогодишен конзумент на цигари. Државата тврди дека тој потег го намалил бројот на пушачите за 15 отсто.
Укинување на логото
Од 2016 година новата регулатива на ЕУ налага 65 отсто од кутијата со цигари да мора да бидат прекриена со слични слики, што остава помалку место за логото на компанијата.
„Постојат докази дека здравствените предупредувања делуваат, во смисла на одвраќање на младите луѓе од пушење цигари и помош на постарите да престанат да пушат. Текстуалните предупредувања се добри, но сликовните се поефикасни‟ - вели активистката Аманда Сандфорд.
Велика Британија, Ирска, Франција отидоа чекор подалеку од директивите на ЕУ. Како Австралија, тие земји најавија план за тотално укинување на логото од кутиите. Тоа е одлука против која тутунските гиганти најавуваат жестока борба.
„Неколку водечки компании, како Бритиш Американ Тобако, Филип Морис, Империјал и Јапонија Тобако, поднесоа тужба до Врховниот суд во Лондон. Одлуката се очекува во јануари. Се жалеа и до Европскиот суд на правдата во Луксембург, наведувајќи дека планот за укинување на логото го крши европскиот закон за трговска заштита и дури и законот за слобода на изразување‟, извести репортерот на Ал Џезира Нејви Баркер.
Тутунските компании ја изгубија првостепената пресуда во Луксембург, а сличен резултат се очекува и на останатите судови.
Во минатото тутунските компании немале рестрикции на огласувањето. Луѓето се охрабрувани да пушат во текот на јадење, по спорт, дури и при туширање...
Денес повеќето земји забранија телевизиски реклами за цигари и воведоа ригорозни медицински предупредувања.
А тука е и економското прашање. На пример, Велика Британија заработува 14 милијарди долари годишно од даночење на тутунската индустрија, но од друга страна троши 20 милијарди долари на лечење на болести предизвикани од пушењето.
Турција и Канада исто така најавија остри мерки кога станува збор за изгледот на кутиите на цигарите, а конечна одлука на Европскиот суд се очекува за неколку месеци.
Ал Џезира Балкан - Сараево
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец