Балкан
27. January 2016 - 17:27

ЕУ: Бугарија и Романија да ја зајакнат борбата против корупција

Европската унија денеска ги предупреди Бугарија и Романија дека мора да направат поголеми напори во борбата против корупција и во уредувањето на судските системи.

Во извештаите, кои денеска ги објави Извршната комисија на ЕУ, се наведува дека оваа година ќе биде „пробна“ во многу аспекти за Романија.

Претходните препораки на Унијата за реформи не се испочитувани, а се оспоруваат одлуките и независноста на судството.

Во врска со Бугарија, ЕУ оцени дека оваа земја покажала бавен напредок во борбата против корупција на високо ниво, додека органисираниот криминал продолжува да ја загрозува довербата на јавноста во способноста на бугарските власти да гарантираат правда.