ЕУ: Без коментар за објавата на Гренел за средба со претставници на Белград и Приштина
Портпаролката на Мисијата на ЕУ во Косово, Динка Живаљ, одби да ја коментира објавата на специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел за средба на претставници на Белград и Приштина во Вашингтон на 27 јуни.
Живаљ потенцираше дека нема да ги коментира другите.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, објави вчера дека владите на Србија и на Косово се обврзале дека ќе ја запрат кампањата за повлекување на признавањето независност, односно за членство во меѓународни организации, заради состанок на претставници на двете страни во Вашингтон.
„Ако која било страна е незадоволна од разговорите на 27 јуни, тогаш тие ќе се вратат во статус кво откако ќе го напуштат Вашингтон“, напиша Гренел на Твитер.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
