ЕУ апелира до Белград и Приштина да покажат воздржаност и разум
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини доцна синоќа ги повика Србија и Косово да манифестираат целосна воздржаност и разум, по најновото зголемување на тензиите предизвикани по вчерашното неуспешно патување на првиот воз од Белград до Косовска Митровица по цели 18 години.
Портпаролот на Могерини, Маја Коцијанчиќ, нагласи дека ЕУ внимателно го следи развојот на односите меѓу Белград и Приштина во последниве неколку дена, а особено вчерашните случувања со возот.
- ЕУ е во постојан контакт со двете страни по повод вчерашните случувања. Вискоката претставничка веќе разговараше со српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави Коцијанчиќ за Танјуг.
Таа ги повика Белград и Приштина „да се вратат на дијалогот“, кој според неа, покажал „опипливи, кокретни и позитивни резултати“, како за граѓаните, така и во напредокот кон нормализација на односите меѓу двете страни.
- Дијалогот е единствен начин за решавање на отворените прашање од заеднички интерес, потенцира Коцијанчиќ.
Вчера, воз, украсен со христијански и српски национални симболи, прв пат по 1999 година се упати на релација од Белград кон Косовска Миторвица, но по неколкучасовно чекање на станицата во Рашка, се врати во српскиот главен град, неуспевајќи да влезе на косовска територија.
Одлуката за враќање на возот, српските власти ја образложија со „безбедносни причини“.
Властите во Приштина остро го осудија поаѓањето на возот од Белград, оценувајќи го ваквиот потег како отворена провокација, а претседателот на Косово, Хашим Тачи дури јавно повика да не му се дозволи влез на косовска територија.
Српскиот премиер Вучиќ од своја страна синоќа ги обвини властите во Приштина дека „подготвуваат воени игри“ и дека планирале „да го запрат возот и да започнат големи судири“.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
-
Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
-
„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
-
Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница