Свет
10. March 2016 - 21:14

ЕУ: 23 земји од Унијата треба да почнат да преземаат вкупно 6.000 бегалци месечно од Грција и Италија

Европската унија информира дека 23 од земјите членки треба да почнат да примаат секој месец вкупно 6.000 бегалци од Грција и Италија, за да ја олеснат миграциската криза во Европа, пренесува БТА.

Во септември ЕУ вети дека ќе прераспредели за две години 160.000 бегалци од Грција, Италија и трети земји, но за седум месеци беа распределени помалку од 900 лица.

Оваа шема е клучна за совладување на миграцискиот бран кон Европа, забележуваат агенциите.

Еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос изјави денеска  дека „ако преселување не профункционира, целиот систем ќе се урне".