Естонски министер предупреди дека Кина ја користи економската зависност како алатка
Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахна во интервју за ДПА рече дека неговите колеги од Европската унија мора да сфатат дека Кина сè повеќе ја користи економската зависност на блокот како политичка алатка.
– Мораме да сфатиме дека Кина ги користи своите економски односи со ЕУ за политичко влијание, рече Цахна.
– Мораме да дејствуваме заедно. Обединети можеме да се спротивставиме на притисокот. Севкупно, ние сме прилично голема економија, додаде тој.
Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, претходно оваа недела остро ги критикуваше новите предложени санкции на ЕУ против Русија, кои потенцијално би можеле да казнат и некои кинески компании кои и помагаат на Русија да ги избегне ограничувањата на ЕУ.
– Ние сме премногу зависни економски, рече Цахна, повикувајќи ја ЕУ да ги зголеми сопствените капацитети во клучните сектори, како микрочиповите.
Ново на Сител
-
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина
-
Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје
-
УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје