ЕСМ Снабдување со топлина: Бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи до 31 август
ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи до 31 август 2023 година, информираат од ЕСМ.
- Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење. Акцијата за приклучување се спроведува по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор, соопштуваат од компанијата.
За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 31 август, да поднесат писмено барање во приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина.
- По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник, нагласуваат од ЕСМ Снабдување со топлина.
За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом