ЕСМ Продажба објави нов повик за снабдување со природен гас на топланите и на другите потрошувачи во државата
ЕСМ Продажба објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.
Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател Промгас – Макпетрол со кој досега имавме договор не достави понуда, нов повик е распишан од страна на ЕСМ Продажба.
Повикот ќе биде од отворен карактер, и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1.1-30.4.2023г, стои во соопштението на ЕСМ продажба.
Ново на Сител
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија