ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
Согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика, информираат од АД ЕСМ.
Очекуваме, додаваат, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 степен Целзиусов.
-Причина за ограничување на преземањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, како што извести Номагас, е поради изведување ремонтни зафати за време на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек, велат од АД ЕСМ.
За дополнителни информации, како што посочуваат, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100 во ЕСМ Снабдување и на (02) 3104 872 и (02) 3104 816 во ЕСМ Енергертика.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство