ЕСМ, МЕПСО и ЕВН да се договорат домаќинствата да имаат 24 часа евтина струја на располагање

За време додека ќе трае вонредната состојба, поради коронавирусот, добар и хуман гест е на граѓаните да им се овозможи електрична енергија по ефтина тарифа во текот на 24 часа.
Имер Зенку, експерт по Енергетска економија на Тетовскиот универзитет вели дека една ваква одлука ќе биде од голема помош за семејствата без финансиски приходи, со минимални приходи и на оние со средни приходи.
Ова може да се постигне преку договор на трите енергетски компании во земјата, за производство ЕСМ, пренос МЕПСО и дистрибуција ЕВН, во соработка со Владата на Македонија. На крајот на краиштата, морална и човечка обврска е на сите, а особено на Владата, да се помогне на граѓанинот.
Сите оние кои ќе трошат електрична енергија над утврдената количина, се смета дека припаѓаат на еден побогат слој и таа енергија природно дека ќе треба да ја платат по скапа тарифа“, вели професорото Имер Зенку.
Ново на Сител
-

Фејсбук го прослави 22-иот роденден
-

Командирот на ППЕ Кочани: Гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, но без вентил
-

Пожарникарите стигнале на местото на пожарот во дискотеката Пулс пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица
-

Приведен 34-годишник од Гостивар, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
-

Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
