Бизнис
30. November 2022 - 16:32

ЕСМ ја презема и Топланата Север, корисниците треба да добијат парно по шест дена смрзнување

Државната ЕСМ го презема управувањето со топланата Скопје Север. Потпишан е договорот за деловно техничка соработка, кој предвидува  ЕСМ да купува гас за нив, а топлана ќе го врати долгот за набавка на истиот. Парите од Владата за оваа намена  се обезбедени и веднаш ќе се префрлат на сметката на државната компанија, под чија капа се и Топалните Исток и Запад. Со потпишаниот договор се очекува најдоцна до утре да има парно во општините Чаир и Бутел.

Инаку, оваа топлана веќе 6 дена не испорачува греење во овие оптини, отако градот Скопје забрани и да користи мазут, наместо гас. Без парно греење останаа 500 домаќинства, но и 13 школи и градинки се со ладни радијатори. Настава има – но дечињата се смрзунуваат.

Часовите се скратени, каде што има можност  се пуштаат клима уреди, но со вакви температура, директорите на школите согласни – ова не е решение, парно мора да има.

И додека се чека радијатите да стоплат и во општините Чаир и Бутел, од ЕСМ информираат дека е обезбеден гас за декември за цело Скопје. Исто така, веќе почнаа со испорака на фактурите за октомври. Граѓаните кои до сега електронски ги добивале, ќе продолжат со истиот начин на достава.