Ескобар: Силно го поддржуваме процесот за уставни измени и ангажирани сме да нема нови барања од Софија
Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД.
- За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар.
То нагласи дека Северна Македонија и Албанија веќе ги отвориле пристапните преговори со ЕУ и се цврсти партнери на САД и сојузнициво НАТО, кои се залагаат за нормализација на осносите меѓу Белград и Приштина.
Ескобар истакна дека евро и евроатлантската интеграција се од клучно значење за да се намали влијанието на штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери, кои имаат за цел да го дестабилизираат регионот и да ги попречат интеграциите, преку проширување на своите влијанија.
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
