Ескобар: САД не избира влади за земјите на НАТО
САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.
Прашан каква порака има за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Ескобар рече дека нема никого да подложува на тортура овде, но дека очекува отворена размена на гледишта и дека ќе има нешто повеќе да каже за јавноста по состанокот.
- Нема никого да подложувам на тортура овде. Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања и единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја даваме на сите во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака, изјави Ескобар, одговарајќи на новианарско прашање.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија