Есенска акција за кастрење дрвја во Куманово
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ започнаа со акција на есенско кастрење на дрвјата надвор од централното градско подрачје. Акцијата се одвива во соработка со кумановската подружница на ЕВН, изјави денеска директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски.
- Акцијата има за цел превенирање од настанување проблеми во зимскиот период. Се кастрат крошните на дрвјата кои се стари и со исушени гранки и дрвјата кои ја попречуваат светлината од уличните светилки, кои предизвикуваат проблеми при непречено снабдување со електричната енергија, изјави Петрушевски.
Дневно се изнесуваат 15-тина трактори со суви гранки и дрвја во зависност од трасата каде што работат екипите. СВР Куманово помага во делот на сообраќајот, кој на одредени улици и булевари се стопира за одреден временски период за непречено овивање на акцијата. Неделава, најави Петрушевски акцијата ќе продолжи во централното градско подрачје и на кејот на реката Кумановка.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија