ЕСЧП ја отФрли жалбата на Кочевски против РМ

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја отфрли жалбата на Кирил Кочевски против Република Македонија и ја прогласи за недопуштена, не наоѓајќи повреда на Европската конвенција за човекови права, информира Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП.
- Денеска од страна на страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) беше објавена одлуката која на 24 мај 2016 година ја донел Советот на ЕСЧП, а во врска со апликацијата која во 2010 година била поднесена од г-динот Кирил Кочевски. По детална анализа на фактите и околностите на предметот, како и на сите жалбени наводи на апликантот, ЕСЧП оценил дека не може да се утврди постоење на субјективна ниту на објективна пристрасност на судечкиот судија во постапувањето по овој предмет. Истовремено, ЕСЧП проценил дека при дадените околности на случајот произлегува дека жалбениот навод дека апликантот немал ефективна можност да учествува во постапката бил недоволно поткрепен пред домашните судови, соопшти Бирото.
Врз основа на ваквите констатации, се потенцира во соопштението, ЕСЧП во неговата Одлука заклучил дека жалбените наводи на апликантот биле очигледно неосновани и од тие причини, целата апликација ја прогласил за недопуштена, притоа не наоѓајќи повреда на Европската конвенција за човекови права од страна на Република Македонија.
- Во неговата апликација, апликантот изнел жалбени наводи по членот 6 од Европската конвенција за човекови права, со кој се гарантира правото на правично судење, кои се однесуваат на наводна пристрасност на судијата кој претседавал со кривичниот совет на првостепениот суд кој во 2007 година го огласил за виновен за злоупотреба на службена положба и овластување во времето додека бил именуван како стечаен управник на „Славија“ како претпријатие во општествена сопственост, како и во однос на негова наводна неможност ефективно да учествува во спорната постапка, појаснуваат од Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
