ЕСА: Зголемена опасност од судири во Земјината Орбита
Бројот сателитски мрежи во Земјината Орбита е во голем пораст, зголемувајќи ја опасноста од судири што може да резултираат со верижни оштетувања и огромна штета, предупреди Европската вселенска агенција (ЕСА).
Според Агенцијата, во мигов има околу 8.800 активни сателити во Орбитата. Најголемиот оператор засега е „Спејс-Икс“, којшто има повеќе од 5.000 „Старлинк“ сателити во Вселената, со планирани вкупно 42.000 уреди во иднина. И други компании од САД, како што е „Уан веб“, британски „Блу ориџин“ итн., па и оние од Кина - планираат десетици илјади нови сателити, коишто обично тежат меѓу 150 и 1.200 килограми.
Јозеф Ашбахер, генерален директор на ЕСА, на конференција во Берлин говореше за ризиците и порача дека мора да се спроведе глобално применлив закон за вселенскиот сообраќај.
- Постојано се додаваат нови „играчи“. Затоа ни се потребни сигурни сообраќајни правила за Вселената, каде што во секоја дадена состојба ќе биде јасно кој треба да преземе свртувања, заобиколувања или движења и кој како да се однесува... ЕСА си постави за цел драстично да го ограничи создавањето вселенски отпад до 2030 година. Секој сателит што потоа ќе биде испратен во вселената мора да биде отстранет од орбитата на крајот од својот предвиден рок на треање, објасни шефот на ЕСА.
Кинеското проблематично справување со деактивиран метеоролошки сателит во 2007 година, на пр., покажа колку може да биде разорно влијанието на вселенскиот отпад. Според проценките, само од Кина потекнуваат повеќе од 40.000 парчиња отпад со ширина поголема од еден сантиметар. Скоро секој втор маневар за избегнување судир во Вселената, според ЕСА, се должи на такви залутани парчиња.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната