Ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез во Индискиот океан
Вулканот Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, повторно од изутринава е во ерупција, првпат оваа година, јави дописникот на МИА.
Според вулканската опсерваторија на Реунион, ерупцијата е во централниот кратер на вулканот во калдерата, во една сосема ненаселена област. Вулканот не претставува опасност за луѓето и имотот.
Според Aлин Пелтие, директорка на Вулканолошката опсерваторија на Питон де ла Фурнез, „најмалку две еруптивни пукнатини и десетина фонтани на лава се наоѓаат на височината на вулканот, на источното крило на вулканскиот масив“.
Вулканот се наоѓа во југоисточниот дел на Реунион. Питон де ла Фурнез е еден од најактивните вулкани во светот. Тој имаше околу петнаесет ерупции во текот на последните десет години, вклучувајќи и четири пати во 2018 година. При секој еруптивен феномен, десетици илјади луѓе одат во близина на масивот надевајќи се дека ќе ја видат лавата и ерупцијата.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина