Ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез во Индискиот океан

Вулканот Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, повторно од изутринава е во ерупција, првпат оваа година, јави дописникот на МИА.
Според вулканската опсерваторија на Реунион, ерупцијата е во централниот кратер на вулканот во калдерата, во една сосема ненаселена област. Вулканот не претставува опасност за луѓето и имотот.
Според Aлин Пелтие, директорка на Вулканолошката опсерваторија на Питон де ла Фурнез, „најмалку две еруптивни пукнатини и десетина фонтани на лава се наоѓаат на височината на вулканот, на источното крило на вулканскиот масив“.
Вулканот се наоѓа во југоисточниот дел на Реунион. Питон де ла Фурнез е еден од најактивните вулкани во светот. Тој имаше околу петнаесет ерупции во текот на последните десет години, вклучувајќи и четири пати во 2018 година. При секој еруптивен феномен, десетици илјади луѓе одат во близина на масивот надевајќи се дека ќе ја видат лавата и ерупцијата.
Ново на Сител
-

Бунфорт: Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ
-

ЗЈО за реакциите по куќниот притвор за Груби: Партиите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која се нарушува самостојноста на обвинителите
-

Португалците загрижена за ситуацијата во Мексико во пресрет на мартовскиот пријателски натпревар
-

„Пиротехниката веќе беше поставена, не знам кој ја активирал“ – сведочи гитаристот на ДНК
-

Од денес Кичево е град на културата
-

71-годишна жена загина во пожар во Ќерамидница
-

Три дена посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Во декември 78,4 отсто од потрошената струја од домашни извори
