-->
-->
Еролд Муслиу нов директор на Агенцијата за разузнавање
-->
Пендаровски ги потпиша првите разрешувања и именувања. Еролд Муслиу е неговиот избор за нов директор на Агенцијата за разузнавање. Досегашниот директор утринава бил разрешен.
Еролд Муслиу, завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти. Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач. Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци. Во 2011 година, бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Во моментот ја врши функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.
Пендаровски го екипира и својот претседателски кабинет. Покрај Бошњаковски кој веќе јавно соопшти дека ќе биде Генерален секретар, во кабинетот како ПР офицер доаѓа Билјана Радева која до сега беше дел од тимот за медиуми на Британската амбасада.
Нов советник за национална безбедност е Блерим Кољали, а Александар Спасов советник за внатрешна и надворешна политика.
Тоше Зафиров ќе биде посебен советник на Пендаровски. Протоколот пак ќе го води Билјана Мицевска Јосифовска.
Советник за надворешна политика ќе биде и амбасадорот Гоце Карајанов.
Во тимот надворешни соработници влегуваат професорот Денко Малевски, Мирјана Лазаровска Трајковска и Беса Арифи.
Славица Арсова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
-
Најмалку десетмина загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор
-
Без струја дел од корисниците на бул. „Илинден“ во Карпош и во Црниче, Кисела Вода
-
Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути
-
Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“
-
Официјални лица по грешка испратија предупредување за евакуација на поширокиот округ на Лос Анџелес