Свет
16. January 2017 - 13:15

Еро: Единството на Европејците е најдобар одговор на Трамп

Шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро изјави денеска дека европското единство е најдобар одговор на коментарите на новиот американски претседател Доналд Трамп, кој изнесе сомневање во натамошното опстојување на Европската унија.

- Најдобар одговор на интервјуто на американскиот претседател е единството на Европејците, изјави Еро во Брисел, каде се одржува средба на министрите за надворешни работи од ЕУ.