Свет
31. July 2016 - 12:51

Ерменски напаѓачи ги ослободија и последните двајца заложници

Напаѓачите кои речиси две недели се забарикадирани во полициска станица во Ереван ослободија денеска последни двајца заложници, објавија локалните власти.

– Двајца лекари кои беа заложници ја напуштија синоќа окупираната зграда, изјави портпарол на ерменската полиција.

Во Ерменија ситуацијата е тензична откако група вооружени луѓе зазеде полициска станица во Ереван на 17 јули барајќи пуштање на слобода на лидерот на опозицијата Жираир Сефилјан.

Долготрајната опсада по сеизгледа не е завршена бидејќи западни медиуми јавуваат за експлозии во близина на полициската станица. Напаѓачите убија еден полицаец и имаа четворица лекари како заложници кои постепено ги ослободуваа. Групата која ја зазеде станицата се нарекува Сасна Тсрер.