Ереван има доказ дека Турција ги контролира воените операции во Нагорно- Карабах
Ерменија има докази дека турската воена команда ги контролира воените операции на Азербејџан во Нагорно-Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан во интервју за француски „Фигаро“.
Пашинјан побара да се прекине членството на Турција во групата Минск, основана во 1992 година за да преговара за мирно решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах, поради нејзиниот агресивен и пристрасен став кон конфликтот во Нагорно-Карабах и истакна дека оние што го започнаа тековниот конфликт треба да му стават крај, покажувајќи со прстот кон Анкара и Баку.
„ Учеството на Турција во групата Минск мора да биде суспендирано, бидејќи оваа земја демонстрира пристрасен и воинствен пристап. Затоа, повеќе не може да биде медијатор “, рече тој.
Ерменија се надева дека групата Минск на ОБСЕ ќе помогне да се надмине сегашната криза во Нагорно-Карабах.
„ Групата Минск е единствениот формат на преговори што постојат денес. Претседателите на Русија и Франција испратија силна порака. Го чекаме активното учество на меѓународната заедница во напорите да се запре агресијата. Во оваа фаза, спротивната страна не покажува апсолутно никаква намера да ги запре непријателствата”, вели Пашинијан.
Ерменскиот премиер рече дека 30 отсто од убиените од азербејџанска страна се странски борци и истакна дека Анкара одлучила да ги предводи воените операции против Ереван бидејќи Баку не е во состојба да контролира платеници.
Ереван претходно рече дека турски „Ф-16“ соборил еден од своите авиони „Су-25“, тврдење што Анкара категорично го негираше и го нарече лага и нова фантазија на ерменската воена пропагандна машина.
Пашинјан посочи дека Анкара не само што ги контролира воените операции на Баку во Нагорно-Карабах, туку и воено го поддржува Азербејџан.
„Меѓународната заедница, особено американската јавност, мора да знае дека „Ф-16“ произведен во САД сега се користи за убиство на Ерменци во овој конфликт. Има доказ дека турските воени команданти се директно вклучени во водењето на офанзивата“ , рече Пашинјан.
Пашинијан додаде дека Турција собрала и прераспредели илјадници платеници и терористи од зоните што ги окупираат на северот на Сирија. Тој се осврна и на ерменскиот геноцид, велејќи дека Турција сака да го заврши започнатото пред 100 години – да ги истреби Ерменците.
Односите меѓу Ерменија и Турција се затегнати поради масовните убиства на Ерменците за време на Првата светска војна. Меѓу 1915 и 1917 година силите на Отоманската империја убија повеќе од 1,5 милиони Ерменци, што според Ереван е геноцид.
Тврдењето на Ерменија е признаено од околу 30 земји, но Турција ги негира обвинувањата за геноцид и тврди дека и Турците и Ерменците починале како резултат на конфликтот. Анкара исто така верува дека бројот на жртвите е многу помал, само стотици илјади.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство