Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ерата на оружје, насилство и терор е завршена. Тој говореше на регионалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во северниот град Самсун.
„Од сега сите мора да ја прифатат оваа вистина – ерата на оружје, насилство и терор заврши. Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето што е можно поскоро или ќе бидат закопани со своето оружје. Нема трет пат“, нагласи турскиот лидер.
Според него, „сепаратистичко-терористичката организација дојде до крајот на својот живот“.
Турција како таква терористичка организација ја дефинира Курдската работничка партија (ПКК), како и нејзините здружени формации во Сирија.
„Нагласувам дека во нашиот регион нема повеќе простор за терор во иднината на нашата земја или нашиот регион“, рече Ердоган.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово