Ердоган: Турција презема чекори за купување балистички ракети
Турција презема чекори за купување балистички ракети за да ги заштити своите граѓани. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг.
- Ги преземаме неопходните чекори, поврзани со балистички ракети. Нашите должности вклучуваат и заштита на 80 милиони Турци, рече Ердоган.
Турскиот шеф на државата вчера изјави дека, ќе продолжат преговорите на Анкара за купување на ракетен систем С-400 од Русија.
- Преговорите продолжуваат. Ако во Сирија, во наша близина, има ракетен систем С-400, јас ќе се заложам и ние да имаме C- 400, како и C-500. Ако не можам да купам оружје од НАТО, ќе најдам друг начин ЗА тоа, рече Ердоган.
Турскиот претседател соопшти на 12 септември дека Турција и платила на Русија депозит за купување руски ракетен систем С-400, и покрај противењата на сојузниците од НАТО.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест