Ердоган: Турција не ја примаат во ЕУ затоа што тоа е христијански сојуз
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја веќе 54 години не се прима во ЕУ затоа што тоа е христијански сојуз, пренесе ТАСС, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Турскиот претседател ова го кажа на митинг во Анкара пред референдумот за измени на турскиот Устав, закажан за 16 април.
Ердоган изјави дека лидерите на сите земји од ЕУ се собрале во Ватикан за да го слушнат папата.
-Знаете ли зошто Турција не е примена во ЕУ цели 54 години? Причината е сосема јасна: ЕУ е христијански сојуз. Истовремено 16 април ќе биде денот кога ќе се даде одговорот на позицијата на ЕУ, рече Ердоган.
Турција од 2005 година води преговори за членство во ЕУ.
На 23 март Ердоган изјави дека ЕУ „може да го чека изненадување“ по референдумот за измена на Уставот, што предвидува зголемување на овластувањата на шефот на државата.
Ново на Сител
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак
-
Ќе се кратат нереализирани проекти, ќе се додаваат приоритетни кои ќе се градат со британски пари
-
Наместо 10, прагот за репрезентативност на синдикатите ќе се намалува на 5 проценти
-
Ќе има забрана на пушење на јавни места – здравствените власти во подготовка на законско решение