Балкан
4. May 2017 - 17:23

Ердоган: Создавање на зони за деескалација ќе го реши за 50 проценти конфликтот во Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека создавање на зони за деескалација во Сирија, проект предложен од Москва, би го решил сирискиот конфликт за 50 проценти.

- Ако гарантираме (создавање на зони за деескалација) се надевам дека сирискиот проблем ќе биде решен за 50 проценти, изјави Ердоган по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој наведе дека станува збор за нов концепт, различен од безбедносните зони, што Турција сака да бидат создадени во северниот дел на Сирија.

Ердоган заяви, че става дума за "нова концепция", различна от зоните за сигурност, които Турция иска да бъдат създадени в Северна Сирия.

Турските весници „Хуриет“ и „Јени шафак“ објавија дека Ердоган посочил неколку места во Сирија, каде би можеле да бидат создадени такви зони, посебно во реонот на Идлиб.

Во документ на сириската опозиција се спомнуваат четири зони: во реонот на Идлин, во централната провинција Хомс, во бунтовничката енклава Гута, предградие на Дамаск и во јужниот дел на Сирија.