Ердоган: Сириските бунтовници поддржани од Турција не сакаат мешање на специјалните сили на САД
Слободната сириска армија, која е поддржана од Турција не сака мешање на американските специјални сили, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој посочи дека поради однесувањеро на американските претставници се зголемиле тензиите со бунтовниците.
Турскиот претседател ја имаше предвид малата група американски специјални сили, кои навлегле во сирискиот град Ал Раи минатата недела во рамки на операциите за координирање на воздушните напади врз Исламска држава.
Тие биле принудени да се повлечат кон турската граница, откако бунтовниците протестирале против нивното присуство.
Ердоган додаде дека бунтовниците во северна Сирија, кои се поддржувани од Турција, може да се упатат кон југ, откако ќе биде прочистен пограничниот регион од борците од ИД.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори