Ердоган се закани дека ќе ги протера амбасадорите поради повиците за ослободување на Кавала
– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги протера амбасадорите од десет земји, вклучително и Франција, Германија и САД, откако оваа недела повикаа на ослободување на опозицискиот активист и покровител Осман Кавала.
„Му реков на нашиот министер за надворешни работи дека не можеме да си дозволиме да ги примиме во нашата земја“, рече Ердоган.
Во соопштението објавено во понеделникот вечерта, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и Соединетите Американски Држави побараа „брзо и праведно решавање на случајот на Осман Кавала, турски издавач, покровител и противник на режимот, кој веќе четири години е во притвор без судење“.
„Вие ќе давате поуки на Турција? Кои сте вие?“, реагираше турскиот претседател, истакнувајќи дека „турското судство е независно“, објавија локалните медиуми.
Следниот ден по нивното заедничко соопштение, во вторникот наутро, амбасадорите на десетте земји беа повикани од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој го нарече „неприфатлив“ нивниот повик во корист на Кавала.
Дипломатите оценија дека „постојаното одложување на неговото судење фрла сенка врз почитувањето на демократијата, владеењето на правото и транспарентноста на турскиот судски систем“.
Осман Кавала (64) беше обвинет дека сака да ја дестабилизира Турција. Тој е богат бизнисмен и филантроп, роден во Париз.
Во декември 2019 година, Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) нареди негово „итно ослободување“, но безуспешно.
Ново на Сител
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
