Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека понатамошен дипломатски ангажман наскоро би можел да ги следи напорите предводени од Москва и Вашингтон, изразувајќи оптимизам за изгледите за мир во Украина по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
Во изјава за новинарите по враќањето од Туркменистан, Ердоган рече дека Анкара се надева дека ќе соработува со американскиот претседател Доналд Трамп за да процени потенцијален мировен план.
- По оваа средба со Путин, се надеваме дека ќе имаме можност да разговараме за мировниот план и со американскиот претседател Трамп. Мирот не е далеку, можеме да го видиме, рече Ердоган, осврнувајќи се на неговата билатерална средба со рускиот лидер во Туркменистан.
Ердоган истакна дека неговата средба со Путин се фокусирала на тековните конфликти и дипломатските иницијативи започнати со учество на Трамп.
- Ги проценивме придонесите што нашата земја може да ги даде во мировните напори, рече тој, додавајќи: „Позитивно гледаме на дијалогот инициран од г-дин Трамп“.
Тој нагласи дека сите страни вклучени во мировниот процес во Украина јасно ја разбираат позицијата на Анкара. „Главно разговаравме за војната и мировните напори. Господинот Путин, како и сите други актери, многу добро знае каде стои Турција по ова прашање“, додаде Ердоган.
Зборувајќи за регионалната безбедност, Ердоган предупреди дека Црното Море не треба да се смета за арена на соперништво. „Тоа нема да им користи на Русија или Украина. На сите им е потребна слобода на пловидба и безбедност во Црното Море“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
-

Карневалски денови за Прочка во Прилеп, денеска се одржа Детскиот карневал, утре е главното дефиле
-

Преглед на вестите од светот
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
