Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека Израел ќе ја плати цената за своите акции во Газа. „Не треба да заборавиме дека порано или подоцна Израел ќе ја плати цената за овој геноцид кој трае една година и прдолжува“, напиша Ердоган на X.
„Како што Хитлер беше запрен од сојуз, Нетанјаху и неговата мрежа на убиства ќе бидат запрени на ист начин. Свет без одговорност за геноцидот во Газа никогаш нема да најде мир“, додаде тој. Ердоган беше гласен противник на операциите на Израел во Газа.
Тој повика Израел да биде казнет пред меѓународните судови и ги критикуваше западните земји дека го поддржуваат Израел. „Она што беше масакрирано во живо на телевизија пред очите на светот во текот на минатата година е всушност целото човештво, сите надежи на човештвото“, истакна Ердоган.
„Денес со тага се сеќавам на десетици илјади луѓе кои беа масакрирани од убиствената израелска влада од 7 октомври и изразувам длабоко сочувство до моите браќа и сестри во Газа, Палестинци и Либанци кои ги загубија своите сопружници, деца и семејства. На долгогодишната политика на Израел на геноцид, окупација и инвазија сега мора да му дојде крајот“, истакна тој.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
