Ердоган најави можност Парламентот да ја разгледа смртната казна
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Парламентот може да го разгледа воведувањето смртна казна, по обидот за извршување воен удар во земјата, јави ДПА.
Одговарајќи на повиците на поддржувачите во Истанбул, Ердоган истакна дека „право на една демократска земја е секое барање да биде разгледано, анализирано и дебатирано“.
- Таквата дискусија може да се одржи во Парламентот, рече Ердоган и додаде дека за ова прашање „не е потребно да се добие дозвола од некаде“.
Во врска со неуспешниот обид за пуч премиерот Бинали Јилдирим претходно вчера изјави дека смртната казна е укината од системот на турското правосудство, но сепак додаде дека ќе се разгледаат соодветни мерки со цел да не се повтори вакво нешто.
Претходно меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл и повеќемина политичари ја предупредија Турција да не воведува смртна казна поради обидот за пуч.
Билансот на загинатите во обидот за воен удар во Турција достигна 265 лица, од кои 161 се цивили и полицајци, а 104 се поддржувачи на пучот, изјави турски официјален претставник.
Ново на Сител
-
Обвинителствата од Западен Балкан и Јужна Америка ја зајакнуваат соработката за справување со организирани криминални групи
-
„Ова е пила за бирократијата“ - Маск доби подарок пила за ''кратење на администрацијата'' | ВИДЕО
-
Меџити: Ќе вработиме илјадници Албанци во државна администрација, за да не заминуваат во странство
-
САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија, изјави Костенко
-
Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -14 степени
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети
-
Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД