Ердоган најави можност Парламентот да ја разгледа смртната казна
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Парламентот може да го разгледа воведувањето смртна казна, по обидот за извршување воен удар во земјата, јави ДПА.
Одговарајќи на повиците на поддржувачите во Истанбул, Ердоган истакна дека „право на една демократска земја е секое барање да биде разгледано, анализирано и дебатирано“.
- Таквата дискусија може да се одржи во Парламентот, рече Ердоган и додаде дека за ова прашање „не е потребно да се добие дозвола од некаде“.
Во врска со неуспешниот обид за пуч премиерот Бинали Јилдирим претходно вчера изјави дека смртната казна е укината од системот на турското правосудство, но сепак додаде дека ќе се разгледаат соодветни мерки со цел да не се повтори вакво нешто.
Претходно меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл и повеќемина политичари ја предупредија Турција да не воведува смртна казна поради обидот за пуч.
Билансот на загинатите во обидот за воен удар во Турција достигна 265 лица, од кои 161 се цивили и полицајци, а 104 се поддржувачи на пучот, изјави турски официјален претставник.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност