Ердоган најави интензивирање на економските и политичките врски со Германија
- Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека на претстојната посета на Германија планира да ги интензивира економските и политичките врски со Берлин.
- Приоритет во агендата за мојата посета на Германија целосно ќе биде напуштање на политичките односи присутни последните години, истакна Ердоган.
Тој додаде дека посетата ќе биде и „чекор кон зајакнување на економските односи на взаемна корист“.
Планирано е турскиот претседател да пристигне во Берлин на 27 септември, а на 29 да го посети Келн.
Односите помеѓу Берлин и Анкара се влошени по обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по што се притворени десетици илјади луѓе, вклучително и германски државјани. Тензиите се намалија откако минатите месеци беше ослободен од притвор германски новинар со турско потекло, а исто така му беше дозволено на друг германски државјанин да замине од Турција.
Во Германија живеат околу три милиони Турци, што е најголема дијаспора во светот.
Германските власти оценуваат дека немаат друг избор освен зајакнување на врските со Анкара и покрај загриженоста за кршење на човековите права во Турција.
Поради посетата на Ердоган на Германија синоќа во повеќе германски градови имаше протести. Полицијата проценува дека неколку стотици луѓе учествувале во протестот во германскиот главен град Берлин. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Ердоган не е добредојден".
Митинзите беа организирани од коалиција организации против турскиот претседател, вклучувајќи го и курдското здружение.
Во неколку германски градови по улиците се одржаа протестни маршеви на кои имаше од 80 до 200 луѓе.
За петок и сабота се планирани неколку големи протести во Берлин и Келн поради посетата на Ердоган. Се очекува дека ќе бидат присутни околу 10.000 луѓе
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп