Ердоган: Ме нарекуваат диктатор, бидејќи го кревам својот глас против тирани
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека причината поради која го нарекуваат диктатор од некои членови на меѓународната заедница е тоа што тој го крева својот глас против тирани, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
- Како може некој, кој нема слух за гласовите на милиони муслимански деца, убивани во Сирија, да се смета за следбеник на Пророкот?, праша Ердоган на церемонијата по повод раѓањето на муслиманскиот пророк Мухамед.
- Веројатно го видовте таткото, кој во раце ги носеше мртвите деца близнаци по хемискиот напад ( во Сирија), рече тој.
- Колку толку тие никаквеци ќе продолжат со својата жестокотст, без да платат цена за тоа? Како не нарекуваат само затоа што говориме против нив? Велат диктатор. Нека зборуваат. Ние ќе продолжиме да го креваме гласот против нив. Затоа што нашиот Пророк не учи дека прифаќањето на суровоста е суровост, нагласи Ердоган и го повика муслиманскиот свет да покаже солидарност.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата