Ердоган и Рама ќе ја инаугурираат големата џамија во Тирана
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе престојува во Тирана, која е прва дестинација на неговата мини балканска турнеја, во чии рамки утре ќе го посети Белград.
Покрај средбата со неговиот голем пријател, премиерот Еди Рама, Ердоган ќе се сретне и со претседателот Бајрам Бегај.
Според протоколот седница ќе одржи Советот за меѓудржавна соработка, на кој ќе бидат потпишани неколку договори, а попладне во 16:30 заедно со Рама ќе ја инаугурираат новата „Намазѓа“ џамија (попозната како големата џамија) во центарот на Тирана.
Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“.
Овој верски објект веќе неколку години е завршен, но турската влада до сега не прифаќаше да ја предаде поради „конфликтите“ на турските владини претставници со претставниците на муслиманската верска заедница во Албанија, обвинувајќи дека дел од имамите и раководството, вклучително го и поглаварот, Бујар Спахиу, се поврзани со организацијата „Фето“.
Тоа се гледа и од фактот што на денешната инаугурација, како што информираше и МВЗ, нема да присуствува поглаварот? туку муфтијата на Тирана Газмент Теќја.
Надлежен на џамијата ќе биде Енес Бастур, имам од Турција.
Намазѓа џамијата е со површина од 10 илјади квадратни метри и има капацитет за 5,000 верници, додека заедно со надворешните простори ќе можат да се молат околу 10,000 верници.
Изградбата на џамијата е финансирана од Претседателството за верски прашања на Турција (Дијанет) и Фондацијата на Претседателството за верски прашања на Турција, а е вредна околу 30 милиони евра.
Џамијата архитектонски е слична на оние во Истанбул, располага и со библиотека, културен центар, конференциска и изложбена сала, менза, како и Музеј на соживотот.
Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турскиот јазик. Ердоган и Рама во текот на една календарска година имаат по три до четири средби, но повеќето во Анкара.
Последната посета на Ердоган на Албанија, беше во јануари 2022 година.
Поради денешната посета на шефот на турската држава, во Тирана воведен е посебен режим во сообраќајот а засилено обезбедување има уште од аеродромот.
Ново на Сител
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари