Ердоган и Путин утре ќе се сретнат во Астана

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре во Астана ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија денеска неименувани турски претставници.
Средбата ќе се реализира на маргините на регионалниот самит во главниот град на Казахстан.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ги повика Русија и Украина на одржлив прекин на огнот.
-Примирјето мора да биде воспоставено што е можно поскоро. Колку побрзо, толку подобро, рече Чавушоглу.
Турција, која има неутрална позиција од почетокот на руската инвазија на Украина, претходно понуди да посредува во почнувањето на преговорите меѓу Киев и Москва.
Русија вчера изврши неколку десетици напади врз цели во Украина, како одмазда за експлозијата на мостот на Крим од саботата. Во нападите вчера загинаа најмалку 19 лица.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
