Ердоган и Борисов на Божиќ ја отворија реконструираната Железна црква во Истанбул
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган заедно со премиерот Бинали Јилдирим и бугарскиот премиер Бојко Борисов ја отворија возобновената историска бугарска црква „Свети Стефан“ (Железната Црква) во Истанбул, која темелно беше реконструирана.
Говорејќи на свеченоста, Ердоган изјави дека повторното отворање на Железната црква претставува важна порака за меѓународната заедница.
- Државата е одговорна да обезбеди секој да може слободно да си ги врши верските обреди, истакна Ердоган, додавајќи дека Турција го поддржува враќањето на повеќе од 5.000 артефакти во изминатите 15 години.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим на отворањето на црквата истакна дека е „најдобар пример" на религиозна толеранција што Турција ја покажува кон другите религии.
- Се надевам дека оваа порака ќе се слушне и разбере правилно, рече тој.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој, исто така, присуствуваше на церемонијата, нагласи дека се потребни напори за нормализирање на односите меѓу Турција и ЕУ во 2018 година.
Бугарија го презеде ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ од 1 јануари.
Православната црква, исто така, позната како Црква „Св. Стефан“, се наоѓа во историската населба на брегот на Златниот рог на градот.
Во изминативе седум години доживеа големи реставраторски работи, за што проектот беше кофинансиран од Градот Истанбул и бугарската Влада.
Црквата била изградена во 1898 година од префабрикувани леани железни елементи, откако нејзината поранешна дрвена структура била зафатена од пожар.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“